НАСА лансираше нов топлотен штит наменет за Марс

Од:

Американската Национална воздухопловна и вселенска агенција (НАСА) вчера го лансираше и тестираше новиот топлотен штит, налик на чадор, којшто отвара можности за испраќање луѓе на Марс.

– Новата технологија наречена АДЕПТ е сместена во помала, суборбитална ракета, прилагодена за да овозможи заштита на поголем товар кој влегува во земјината атмосфера, објаснува Брендон Смит, главен истражувач на НАСА за проектот.

АДЕПТ беше тестиран во космодромот во Ново Мексико, при што успешно се врати на Земјата. Формата на самиот штит му овозможува да заштити поголеми површини во однос на досегашните штитови кои се поставуваат на ракетите за да спречат согорување при големите брзини со кои се влегува во земјината атмосфера. Ова може да значи и остварување посложени мисии на други планети во иднина.

– Новиот штит би се употребувал и за експерименти во горната земјина атмосфера и истражување на Венера. Тоа натаму би можело да се користи и за истражувањата на Марс, на пример, или пак, за испраќање на човек на Марс, додава Смит.

НАСА се подготвува да испрати ново роботско возило на Марс во 2020 година, а летало со човечки екипаж е планирано за 2033 година. Пред да може да испратат луѓе на Црвената Планета, научниците сепак ќе треба прво да однесат опрема и нов топлотен штит.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало