НАСА избра нова порака што ќе се шири низ Вселената

Од:

Американската вселенска агенција НАСА го прогласи победникот на конкурсот за порака која ќе биде испратена до сондата „Војаџер 1″, лансирана во Вселената пред 40 години.

Еден од условите на конкурсот, беше – пораката да содржи најмногу 60 знаци. По гласањето на интернет, победи реченицата „Вие не сте сами”, на авторот Оливер Џенкинс.

Победничката порака беше прочитана од канадскиот глумец Вилијам Шетнер, ѕвездата на првата од неколкуте научно-фантастични ТВ серии со наслов „Ѕвездени патеки”.

Инаку, сондата „Војаџер 1“ беше испратена во Вселената во 1977 година, од Флорида, еден месец пред „Војаџер 2″. Обете ги проучуваа Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Во двете летала има златни дискови на кои се впишани пораки, меѓу кои и песни, слики, податоци за местоположбата на Земјата, како и поздравот на поранешниот американски претседател Џими Картер, којшто гласи „Добар ден”, преведен на 55 јазици.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало