Најфасцинантни работи за бракот, кој ги дознавме во 2012-та година

Од:

Студиите, кои оваа година беа спроведени на тема брак, покажуваат меѓу останатото дека меден месец не постои, дека праведната поделба на домашните работи доведува до развод и дека лицата во брак, подолго живеат и почесто се вработени.

Стравот од бракот го предвидува разводот

Тремата и двоумењето пред влегување во брак можат да предвидат колкави се шансите парот да се разведе, покажа американската студија објавена во списанието „Семејна психологија“. Истражувачите откриле дека кај лицата, кои не се сигурни во својата одлука за стапување во брак, шансите дека нема да ја дочекаат четиригодишнината од бракот се за 12 отсто поголеми. Поврзаноста на тремата пред бракот и разводот е посилна, доколку ја чувствуваат жените, кои двојно повеќе се разведуваат од оние кои не се сомневале во својата одлука.

Жените во бракот пијат повеќе, а мажите помалку

Мажените жени во просек пијат околу девет пијалоци месечно во споредба со слободните и разведените, кои пијат околу шест пијалоци, покажа студијата на Универзитетот Синсинати. Меѓутоа кај припадниците на посилниот пол, ситуацијата е поинаква – оженетите мажи пијат околу 19 пијалоци месечно, додека слободните пијат повеќе од 22. За двата пола важи дека по разводот пијат помалку или исто, како што тоа го правеле и во периодот пред брак.

Бракот ги зголемува шансите за преживување

Луѓето, кои имаат операција на срцето имаат поголеми шанси да преживеат доколку се во брак, открија научниците. Оние пациенти, кои имаат вграден бајпас имаат двојно повеќе шанси да преживеат, отколку пациентите, кои не се во брак, а колку бракот е посреќен, толку шансите за преживување на лицата кои имаат проблеми со срцето се поголеми.

Луѓето во брак живеат подолго од самците

Здравата исхрана и редовното вежбање можат да ви го продолжат животот, но на долговечноста поголемо влијание има љубониот статус. Така мажите во брак во 60 проценти од случаите живеат подолго од неоженетите, а омажените жени живеат подолго во 80 отсто случаи, откри студијата на Универзитетот Синсинати.

Фазата на меден месец не постои

Често се смета дека по самото венчавање следува период на уживање и голема љубов. Дека тоа не е баш така покажа една студија на австралискиот Центар за истражување на квалитетот на животот, која откри дека луѓето се позадоволни од бракот со текот на годините. Психолозите тоа го појаснуваат со почетниот процес на прилагодување на бракот, неостварените очекувања и притисокот со кој се загрозуваат задоволствата на младите брачни парови.

Луѓето во брак почесто се вработени

Доколку имате проблеми во пронаоѓање работа, во тоа може да ви помогне стапувањето во брак, покажуваат податоците на францускиот Институт за статистика. Според нивните пресметки над 90 отсто од луѓето во брак во периодот од 30 до 54 години се вработени, додека меѓу самците на истата возраст помалку од 77 отсто се вработени.

Жените и натаму сакаат мажот да ги запроси

Иако еманципацијата на жените ја пропагира идејата дека тие не треба да чекаат мажот прв да ја спомене идејата за бракот, туку самите да предложат брак, доколку сакаат, со ова не се согласуваат околу две третини од мажите и жените. Повеќето луѓе по ова прашање имаат традиционални ставови.

Добриот однос со родителите на партнерот влијание на можноста за развод

Доколку мажот е во блиски пријателски односи со родителите на жената, неговите шанси за развод се 20 отсто помали, отколку кај мажите, кои не се согласуваат толку добро со бабата и дедото. За разлика од нив, жените кои се во пријателски односи со свекорот и свекрвата имаат 20 отсто поголеми шански за развод, покажа една американска студија, која е спроведувана 30 години.

Ги делите домашните работи – поголеми се шансите за развод

Паровите, кои живеат во традиционално домаќинство, каде машките и женските улоги се строго поделени имаат 50 отсто помалку шанси за развод од модерните парови, кои рамноправно ги делат работите, покажа една норвешка студија, изработена во соработка со Универзитетот Кембриџ на 30 илјади лица во 34 земји.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он