Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

Од:

На венчавката која се одржа минатиот викенд во Мионица дошло до конфликт меѓу обезбедувањето и свадбарите, а во општата тепачка не останала без последици ниту невестата.

Тепачката наводно избила откако работниците од обезбедувањето кои биле ангажирани од сопственикот на локалот реагирале кога еден од гостите скршил чаша, па му удриле две шлаканици.

– Отидов да се пресоблечам и не видов дали навистина е скршена чашата, но и да беше, потпишавме договор со „Де Лукс“ во кој стои дека ја сносиме целата штета доколку нешто се скрши или оштети, изјави за Блиц невестата.

-До тој момент се беше убаво, отидов да се пресоблечам, кога слушнав дека нешто се случува, се вратив и буквално се вовлеков во тоалетот каде што обезбедувањето го претепа брат ми. Ги молев да ги пуштат, не можев да седам со скрстени раце додека ги тепаа брат ми и сопругот. Брат ми заврши во болницата во Ваљево со тешки повреди. И јас не поминав без последици, имам исекотини, целата сум со модринки. Наместо да се сеќавам на тој ден како најубав во мојот живот, јас го паметам по тепачката и непотребниот хаос – изјавила невестата за „Блиц“, видно потресена.

-Немаше потреба обезбедувањето да реагира толку бурно, сопственикот на кафеаната само седеше „со скрстени раце“ и не реагираше на нивното дивеење. Сè можеше да оди поинаку, сите сме вака во шок. Мајка ми и мајка му на сопругот се под страшен стрес, а да не зборуваме каков ужас е за децата кои присуствуваа – изјавила невестата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Демонстрантите направија хаос во Нови Сад, жена во солзи моли: „Имам две мали деца во автомобилот“

Горан Наумовски