Mодификуван протеин го свртува ХИВ вирусот против самиот себе

Од:

Еден австралиски научник открил како ХИВ вирусот да го сврти против самиот себе, со што би можел да се спречи развој на заразата со тој вирус во СИДА.

Дејвид Херич од Квинслендскиот институт за медицински истражувања, појаснува дека успешно модификувал извесен протеин од ХИВ вирусот така што, наместо да придонесува за размножување на овој вирус, тој спречува негов развој.

– Никогаш не сум видел нешто слично. Модификуваниот протеин секој пат делува, истакнува Херич, навестувајќи дека ова откритие би можело да води до лек против СИДА-та, иако на тој пат ќе има многу препреки.

Херич напоменува дека модификуваниот протеин, кому му дал име „налбејсик“, покажа исклучителна способност да спречи развој на ХИВ вирусот во лабораториски услови.

Тој нагласува дека протеинот не е лек против заразата со ХИВ, но би направил тој вирус да стане латентен, да не се развие во СИДА и заразениот да го зачува здрав имунолошкиот систем.

Со тоа би се зачувал квалитетот на живот на заразените, би престанала потребата за земање бројни лекови, и би се избегнале трошоците за лекување.

Испитувањето на „налбејсик“ на животни би требало да започне оваа година, но до евентуална примена на луѓето ќе треба да поминат години.

Според најновите податоци на ОН, во светот во 2011 година имало 34 милиони заразени со ХИВ, од кои 23,5 милиони во земјите во Субсахарска Африка, а 4,2 милиони во Јужна и Југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска