„Мишелин“: Најевтиниот ресторан во светот се наоѓа во Хонг Конг

Од:

Најевтиниот ресторан во светот се наоѓа во Хонг Конг, пресуди познатиот водич за ресторани „Мишелин“.

Водичот што ги рангира угостителските објекти, во 2011 година оваа престижна награда му ја додели на ресторанот „Хо Хунг Ке“ во Хонг Конг, кој секојдневно на своите домашни и странски гости им нуди порции вонтони или пржени кнедли со говедско месо за помалку од пет долари.

Вонтоните се традиционално јадење што се служи во Хонг Конг и во југоисточната кинеска провинција Гуангдонг, а се слични на кнедлите.

Ѕвездата на „Мишелин“ се смета за најпрестижна награда во кулинарството, а водичот на „Мишелин“ е најценетиот систем за рангирање на рестораните и готвење со висок квалитет.

Како и повеќето други ресторани во Хонг Конг, „Хо Хунг Ке“, исто така, служи брзи и едноставни јадења, од пржен ориз до разновидни сендвичи во западен стил.

Ресторанот почнува со работа во седум часот наутро, подготвувајќи шкампи и правејеќи вонтони за околу 1.000 гости, кои секој ден го посетуваат овој семеен ресторан, а кој со работа почна во 40-тите години од минатиот век како скромна улична тезга.

Пет Ху, снаа на основачот на ресторанот, за француските медиуми изјави дека ги користи традиционалните рецепти затоа што сака гостите да вкусат традиционални јадења.

-Модерните ресторани веќе ја сменија традицијата за правење на вонтоните, но ние продолживме со нашиот оригинален рецепт, рече Ху.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов