Фудбалот станува американски спорт, изјави оскаровец Метју Меконахи, кој толку многу се заљуби во фудбалот што стана и косопственик на екипата на Остин, која се натпреварува во американската МЛС лига.
– Фудбалот зема замав во Соединетите Американски Држави. Младите како никогаш порано сè повеќе го преферираат пред кошарката, бејзболот и рагбито, изјави холивудската ѕвезда.
Според него, Светското првенство 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада е огромна шанса.
– Нема многу луѓе, кои не се заинтересирани за фудбалот кај нас. Температурата расте, додаде Меконахи.
Тој призна дека во младоста не бил многу заинтересиран за фудбалот, но тоа се сменило благодарение и на тоа што неговата сопруга Камила е Бразилка.
– Имаме деца и фудбалот е нивен омилен спорт. Ги носам во саботите на натпревари, а тие тренираат цела недела, обелодени Меконахи.