Медиумите од Азија ги „погребаа“ Кралицата и Мерил Стрип

Од:

ТВ станици на Далечниот исток се изрезилија при објавувањето на веста за смртта на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, објавувајќи слики од Кралицата Елизабета, и од американската актерка Мерил Стрип, која одлично ја екранизираше „Челичната леди“, за што доби и Оскар.

Една тајванска телевизија денеска се извини поради прикажувањето фотографија на англиската кралица Елизабета Втора додека известувала за смртта на поранешната премиерка Маргарет Тачер. ЦТи Кабл објави итна вест „маргарет Тачер почина од срцев удар“ и прикажа две видео снимки од британската кралица како се ракува со граѓаните. Телевизиската станица се извини после критиките и протестите на гледачите во редакцијата, која не неправила разлика меѓу кралицата и поранешната премиерка.

Продуцентите на вестите на воениот Канал 5 во Тајланд се извинија утрово откако објавија фотографија од Мерил Стрип наместо Тачер. Во текот на речиси две минути, додека зборуваа за биографијата на Тачер на екранот беше фотографија од Мерил Стрип, која во филм ја глумеше „Челичната леди“.

Би можело да ве интересира

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски

„Планета земја 2“ погледана од „Х-Фактор“

Емир Латифовиќ