Мароко го гради највисокиот облакодер во Африка

Од:

Во близина на Рабат, Мароко започна изградба на Кулата на Мохамед VI, што се очекува да биде висока 250 метри, со што би била највисоката кула во Мароко и во Африка.

На десниот брег на реката Бурегрег, зградата со 55 спратови ќе биде финансирана од BMCE Bank, на мароканскиот милијардер Отман Бењелун.

– Планот за изградбата е објавен во 2016 година и оттогаш се изведени припремните работи, соопшти Бењелун.

Кулата ќе ја гради компанијата Бесикс од Белгија, која учествуваше и во изградбата на Бурж Калифа во Дубаи, како и кинеската фирма „CRCCI“ и мароканската „TGCC“.

Облакодерот ќе чини четири милијарди дирами или 367 милиони евра, според проценките на Мароко. Се очекува зградата да биде завршена во мај 2022 година.

Во облакодерот ќе има канцеларии, станови, еден хотел, а на највисокиот кат опсерваторија.

Мароко започна проект наречен Рабат – град на светлината, кој предвидува голем број проекти на двата брега од реката, како Голем театар кој е проектиран од британско-ирачкиот архитек Хадид и Куќа на уметноста и културата.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ