сновачот на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен денеска објавија на Фејсбук дека им се родила втората ќеркичка, прикачувајќи и своја фотографија и текст со желби за среќно и безгрижно детство.
Тие веќе ја имаат Макс, родена 2015 година. Новороденчето пак, го крстија Огуст („август” – на англиски).
Чен и Цукерберг посветија исто такво писмо и на својата прва ќерка, во коешто изразуваат надеж дека таа ќе живее во научно напреден свет, а децата ќе имаат лесен пристап до образование.