Со Windows 10 Creators Update, Мајкрософт првпат објави информации за тоа што од податоците за корисниците собира по пат на својот оперативен систем.
„Првпат објавивме цела листа на дијагностички податоци” – изјави шефот на Секторот за уреди и Windows системот, Тери Мајерсон.
„Собираме поединечни настани (events), а тие понатаму се организираат во дијагностички полиња. Исто така, работиме детален преглед на податоците кои ги собираме од корисниците, а кои даваат основна и целокупна дијагностика”.
Значи, Мајкрософт нуди целосни податоци за основното собирање на податоците, но се уште не ги објавува деталите од тие кои дозволиле целосна телеметрија.
Мајерсон потенцира дека Мајкрософт е „посветен на транспаретноста и приватноста на корисниците” и тврди дека компанијата и понатаму ги проценува видовите на податоците кои мора да ги собира.