Мајкрософт го затвори Линкедин во Кина

Од:

Мајкрософт ја затвори својата социјална мрежа Линкедин во Кина, со објаснување дека почитувањето на тамошните правила станало преголем предизвик, објави Би-Би-Си.
„Се соочуваме со значително поголеми предизвици во работната средина и се поголеми проблеми во усогласување на работењето во Кина“, напиша потпретседател на Линкедин, Мохак Шроф, на својот блог.

dobivaj vesti na viber

Линкедин беше единствената голема западна социјална мрежа достапна во Кина.

Кога започна со работа во таа земја во 2014 година, Линкедин се согласи со барањата на тамошната влада, ветувајќи дека ќе ја врши својата работа транспарентно. Но, Линкедин објави дека не се согласува со цензурата што ја спроведува кинеската Влада.

Овој потег на Мајкрософт дојде откако Линкедин беше критикуван за блокирање на профилите на неколку новинари.

Линкедин ќе покрене друга верзија на својата платформа подоцна оваа година, наречена ИнЏобс (InJobs), која ќе биде специјализирана само за работа.

Сепак, платформата нема да вклучува социјални содржини, ниту корисниците ќе можат да објавуваат и споделуваат содржини.

Би можело да ве интересира

Гугл прекинува со рекламите во Русија, Мајксрофот со услугите и производите

А1он

Мајкрософт купува компанија за игри за речиси 70 милијарди долари

А1он

Мајкрософт и Линкедин го одложија враќањето на вработените во канцелариите

Ана Ололовска

Гугл, Фејсбук и Мајкрософт трошат најмногу за лобирање за политиките на ЕУ за дигитална економија

А1он

Бил Гејт во 2020 година го напуштил „Мајкрософт“ поради афера со вработена

Мајкрософт доби тендер вреден 22 милијарди долари од американската армија

Жарко Настоски