Фановите на Лејди Гага, се прашуваат, што се случува со екцентричната ѕвезда?
На концертоt во Амстердам, Лејди Гага, сосема нормално за неа се појави во костуми кои повеќе откриваат отколку што сокриваат. Но, до скоро анорексичната ѕвезда, сега изгледа буквално како надуван балон.
Во костумот кој треба да претставува дека е направен од живо месо, фановите видоа и повеќе месо од потребното. Вишокот килограми на Гага “истекуваа’ од секаде. Од нејзиниот стомак, колкови, раце па дури и од лицето кое и е буквално отечено.
Нутриционистите веруваат дека оваа промена во килажата се должи на нејзиниот проблем со прекуумереното конзумирање алкохол. Таа веќе призна дека мора многу да јаде за да ја ублажи големата количина на алкохол која ја внесува во себе. Дополнително и самите алкохолни пијалоци предизвикуваат “надуеност“ на организмот.
Кели Озборн веќе ги прошири гласините дека можеби Гага е бремена, бидејќи подолго време се облекува во гардероба која го прекрива тој дел од телото. Од друга страна заклучува самата Озборн, кога една жена е бремена не се препорачува да ја третира косата со силни хемикалии и бои за коса, а Гага постојано го прави тоа. Во најмала рака, рече Озборн, сосема сурово е и да козумирате дроги ако сте бремена, реферирајќи на инцидентот на самиот концерт во Амстедам, кога Гага на сцена пушеше марихуана. А со тоа обидувајќи се да се демантира самата себе.
Лејди Гага пред само некоја недела на својот твитер профил го критикуваше гладувањето под притисок од јавноста дека една поп ѕвезда мора да биде во добра форма и без вишок килограми. Таа напиша: Јадам салата, а сонувам чизбургер. Поп пеачите не јадат. А јас сум родена ваква каква што сум.
Новата пополнета фигура на Лејди Гага е далеку од онаа која пеачката ја имаше пред само неколку месеци. Мускулести нозе, рамен стомак, се на се совршена фигура.