Еден човек во Деторит одлучи да ја понуди својата куќа во замена за најновиот модел на „ајфон“, бидејќи со месеци не може да ја продаде со почетна цена од 5.000 долари, пренесе „Фигаро“.
Како што наведе весникот агентот кој е ангажиран за продажба на куќата тврди дека веќе добил четири понуди и дека најверојатно куќата ќе му припадне на купувач кој веќе живее во тој кварт и тоа по цена од 750 долари.
Инаку моментално во овој регион сопствениците на куќите се подготвени на се само да се ослободат од своите непрофитабилни недвижнини. Друг сопственик чија куќа се проценува на 20.000 долари се согласил да ја отстапи во замена за автомобил „Чиви“ од 1994 година.
Бројот на празни куќи во Детроит во последните години е зголемен поради сериозните последици од кризата во автомобилската индустрија, што предизвика миграција на граѓаните.
Во септември минатата година овој американски град го стави под хипотека својот Музеј на уметност за три милијарди долари.
Е. Г.