Колку храна можете да купите за пет долари ширум светот?

Од:

Порталот buzzfeed.com направи истражување колкухрана во различни држави може да се купи за пет долари. Споредувани се цените на бананите, кафето, телешкото, пивото и другите намирници, а меѓу државите се и Италија, Шведска, Етиопија, САД и Кина.

Па така за пет долари во Австралија можете да купите 6,6 килограми банани. За истите пари во Франција би добиле 11 килограми, а во Америка 18,7 килограми банани.

Ако го сакате ова јужно овошје дефинитивно со пет долари треба да одите во Етиопија, каде можете да купите дури 55 килограми банани.

Љубителите на кафе за пет долари во Италија можат да купат 1,1 килограм кафе, во САД 1,7 килограми, а во Франција 2,2 килограми. Сепак, за пет долари најмногуќе се напиете кафе во Индија, каде за овие пари можете да пазарите дури 3,3 килограми кафе.

За пет долари нема баш да се најадете во Мек Доналдс, независно во која земја се наоѓате. Па така во Австралија ќе изедете еден „биг мек“ во САД 1,15, во Јапонија 1,5, а во Русија два биг мека.

Сепак, за тие пари ќе останете сигурно гладни во Шведска, затоа што таму нема да можете да купите ниту еден цел биг мек, туку само 0,65 отсто од него.

За пет долари во Јапонија можете да купите 4,4 килограми ориз, во САД 15,4 килограми, а во Кина дури 26 килограми ориз. Меѓутоа, тоа не е најголемата количина ориз која можете да ја добиете за пет долари, затоа што во Авганистан ќе купите дури 31 килограм ориз за тие пари.

Кога компирот е во прашање, најскап е во Обединетото Кралство затоа што за пет долари можете да купите 12 килограми. Малку поевтино е во САД каде би добиле 17 килограми. Речиси без пари е во Етиопија, каде за пет долари можете да купите 68 килограми компири.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов