Кобра во Индија касна осумгодишно момче, па тоа ја каснало змијата: детето преживеа, змијата не

Од:

Во Индија кобра каснала осумгодишно момче за рака, по што детето двапати ја каснато змијата – момчето преживеало, а кобрата не.

„Њу Индијан експрес“ објави дека кобрата се завиткала околу раката на момчето и го каснала, а детето се обидело да ја фрли и кога не успеало, двапати ја каснало змијата за да го пушти.

Семејството го однело момчето во болница каде добило противотров и им било кажано дека малиот пациент не е животно загрозен.

Лекарите претпоставуваат дека каснувањето од змијата било без отров, пренесе РИА Новости.

Кобрата наводно не ги преживеала каснувањата на момчето, веројатно затоа што биле премногу силни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија