Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Од:

Гневот расте во Индија откако на тинејџер кој наводно уби две лица додека возел пијан, му било наредено да напише есеј како казна, а многумина повикаа на построга казна и го обвинија судството за попустливост.

Несреќата се случила минатиот викенд, а 17-годишникот со „порше“ со голема брзина се движел низ градот Пуна пред да удри во мотоцикл, при што загинале две лица. Малолетникот бил приведен, а подоцна изведен пред Судот за малолетници, каде бил пуштен со кауција и 15 дена општествено корисна работа.

Тој, исто така, беше назначен да напише есеј за безбедноста на патиштата, рече заменик-главниот министер на Махараштра Девендри Фаднавис.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa