Соборен рекорд: Измерени 52 степени

Од:

Делови од Индија беа зафатени од топлотен бран, а температурата во Њу Делхи го собори рекордот по втор пат во два дена, бидејќи достигна 52,3 степени Целзиусови.

Ден претходно температурата на воздухот во главниот град на Индија постави нов рекорд, достигнувајќи 49,9 степени Целзиусови во вторникот, девет степени над просекот за овој период од годината.

Претходно, највисоката температура досега забележана во Делхи беше 49,2 степени Целзиусови, што беше забележана на 15-16 мај 2022 година.

Метеоролозите предупредуваат дека топлотниот бран во главниот град на Индија ќе продолжи и во следните неколку дена.

На граѓаните им се препорачува да го намалат времето на отворено.

Жителите се соочуваат и со недостиг на вода, а локалните власти воведоа мерка за казнување на оние кои користат премногу вода, како што се полевање или миење автомобили, пренесува Ројтерс. Забележана е и рекордна потрошувачка на електрична енергија поради употреба на уреди за ладење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија