Поротата во лондонскиот суд денеска го прогласи актерот Кевин Спејси невин по обвиненијата за сексуално вознемирување на четворица мажи.
Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување на лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице на пенетративна сексуална активност, пишува Ројтерс.
Спејси за време на судењето се изјасни за невин, велејќи дека не ја искористил својата моќ за да ги одведе неименуваните мажи во кревет.
Тој ги опиша обвинувањата како „нож во грб“. Четворицата мажи имаат законско право на доживотна анонимност.