Актерот Кевин Спејси должи 31 милион долари

Од:

Холивудскиот актер Кевин Спејси и неговите продуцентски компании му должат 31 милион долари на студиото „Ем-Ар-Си“, кое го правеше серијалот на Нетфликс, „Куќа од карти“, се дознава од одлука на арбитража донесена пред 13 месеци, но објавена синоќа, пишува Њујорк тајмс.

Арбитражата е донесена откако адвокати на студиото поднеле барање до калифорниски суд да ја потврди сумата за исплата.

Спејси ја имаше главната улога и беше продуцент на ТВ серијалот „Куќа од карти“ во кој го играше поткупливиот политичар Френк Андервуд.

Со снимањето на шестата и последна сезона во 2017 година, актерот Ентони Рап го обвини Спејси дека во 1986 година, кога имал 14 години, се обидел сексуално да го злоупотреби. Тоа се случи во време на почетокот на „Ми ту“ движењето во САД, кога Њујорк тајмс и Њујоркер објавија серија репортажи за сексуалниот предатор, холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

„Ем-Ар-Си“ и Нетфликс започнаа истрага и го прекинаа снимањето на серијалот.

Тие подоцна му дадоа отказ на актерот од шоуто. На судењето, компаниите се пожалиле дека поради однесувањето на Спесји имале милионски загуби.

Би можело да ве интересира

Кевин Спејси пушти солзи откако беше прогласен за невин за сексуален напад

Го допирав, а ми забоде нож во грб: Шок тврдење на Кевин Спејси на судењето

Предраг Петровиќ

Обвинителството се согласува: „Кевин Спејси е сексуален насилник, тој фаќа други мажи за ..

Човекот кој го обвинува Кевин Спејси дека го силувал кога бил дете, мора да го открие идентитетот

Жарко Настоски

Кевин Спејси обвинет за сексуално злоставување малолетник, на суд на 7 јануари

Наум Локоски

Нови обвиненија за сексуални напади против Кевин Спејси

Наум Локоски