Човекот кој го обвинува Кевин Спејси дека го силувал кога бил дете, мора да го открие идентитетот

Од:

Човекот кој анонимно го обвини прославениит холивудски актер Кевин Спејси дека го силувал кога имал само 14 години, мора да го открие својот идентитет, доколку сака да ја продолжи граѓанската парница против оскаровецот, „тешка“ 40 милиони долари, пресуди сојузен судија во Њујорк.

Судијата Луис Каплан во пресудата вели дека фактот што Спејси е славна личност го засилил легитимниот интерес најавноста да го дознае идентитетот на тужителот во овој случај. Човекот, чиешто обвинување буквално ја прекина актерската кариера на Спејси, кој под притисок на јавноста долго време не добиваше никакви улоги, досега во процесот беше познат само под иницијалите Ц.Д.

И повеќе други луѓе, дел од нив актери, во 2017 година го обвинија Спејси дека ги злоставувал, а скандалот го принуди актерот да признае и да им се извини на некои од жртвите, но и да ѝ соопшти на јавноста дека „одлучил да живее како геј маж“.

Судот во Менхетн сега смета дека 61-годишниот Спејси би бил неправедно оптоварен кога во продолжението на постапката би морал да се брани против непознат тужител.

„Ц.Д. изнесува сериозни обвинувања и како резултат на тоа, го доведува сопствениот кредибилитет под прашање,“ напиша во пресудата судијата Каплан.

„Праведноста бара тој да биде спремен јавно да стои зад своите обвинувања,“ вели судијата.

Каплан му даде на тужителот рок од десет дена да ја дополни тужбата и да го наведе своето име.

Би можело да ве интересира

Актерот Кевин Спејси должи 31 милион долари

А1он

Новите „Истерувачи на духови“ први на Боксофисот во САД

Ана Ололовска

Еди Редмејн жали за прифаќањето на оскаровската улога на трансексуалец

Ана Ололовска

Премиера на „Истерувачи на духови: Животот потоа“

Ана Ололовска

Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Ана Ололовска

Бенедикт Камбербач се отрул со никотин при снимање филм

Ана Ололовска