Обвинителството се согласува: „Кевин Спејси е сексуален насилник, тој фаќа други мажи за ..

Од:

Актерот Кевин Спејси е „сексуален насилник“ кој напаѓа мажи и не ги почитува личните граници или просторот, изјави денеска обвинителот на почетокот на судењето на оскаровецот под обвинение за сексуално недолично однесување.

“Тој е човек кој нема почит кон личните граници или простор, човек кој се чини дека ужива да прави другите да се чувствуваат немоќни и непријатно. Тој е сексуален насилник. Неговиот префериран метод на напад е агресивно да ги фаќа другите мажи за меѓуножјето”. изјави адвокатката Кристин Агњу на почетокот на судењето, пренесува Ројтерс.

Спејси се изјасни за невин по десетина обвиненија за сексуално недолично однесување против четворица мажи кои наводно се случиле помеѓу 2001 и 2013 година.

Обвиненијата против него вклучуваат повеќекратни инциденти на непристојни и сексуални напади, а обвинет е и за потешко кривично дело наведување на лице на пенетративна сексуална активност без согласност, што предвидува максимална казна доживотен затвор. Судењето треба да трае околу четири недели.

Би можело да ве интересира

Кевин Спејси пушти солзи откако беше прогласен за невин за сексуален напад

Го допирав, а ми забоде нож во грб: Шок тврдење на Кевин Спејси на судењето

Предраг Петровиќ

Актерот Кевин Спејси должи 31 милион долари

А1он

Човекот кој го обвинува Кевин Спејси дека го силувал кога бил дете, мора да го открие идентитетот

Жарко Настоски

Кевин Спејси обвинет за сексуално злоставување малолетник, на суд на 7 јануари

Наум Локоски

Нови обвиненија за сексуални напади против Кевин Спејси

Наум Локоски