Го допирав, а ми забоде нож во грб: Шок тврдење на Кевин Спејси на судењето

Од:

Актерот Кевин Спејси во четвртокот пред судот во Лондон, на судењето за сексуален напад, изјави дека го допирал жалителот на „романтичен и интимен начин“ и дека чувствувал дека му забил нож во грб со обвинувањата. Спејси е обвинет за сексуален напад на четворица мажи.

„Беше смешен и шармантен и флертувачки, а со текот на времето почнавме.. Претпоставувам дека тоа бев јас.. почнав да го допирам на поромантичен и поинтимен начин“, изјави Спејси пред судот во Лондон.

Холивудската ѕвезда ги негира сите 12 обвинувања против себе. Тие опфаќаат три точки од обвинението за непристоен напад, седум точки за сексуален напад, една точка за поттикнување лице на сексуална активност без согласност и една точка за поттикнување на лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.

Обвиненијата за злоупотреба против четворица мажи се однесуваат на наводни инциденти што се случиле во изминатите дваесет години во Лондон, во периодот кога Спејси беше уметнички директор на познатиот театар „Олд Вик“. Спејси во своето сведочење рече дека нивната врска станала „донекаде сексуална“, но додаде дека двајцата не стапиле во односи, бидејќи жртвата „не сакала да оди понатаму“.

„Тоа се случува понекогаш и ние само почитуваме колку далеку некој сака да оди или не“, рече Спејси.

Актерот го опиша времето поминато меѓу него и жалителот како „забавно“ и рече дека е уништен од наводите изнесени против него од страна на обвинителот.

„Никогаш не мислев дека човек што го познавам, не знам, 20 години подоцна ќе ми забие нож во грб“, рече тој. Обвинителите го завршија своето излагање во средата, а случајот продолжува пред судот во Лондон, според Британската асоцијација за печат.

Би можело да ве интересира

Кевин Спејси пушти солзи откако беше прогласен за невин за сексуален напад

Обвинителството се согласува: „Кевин Спејси е сексуален насилник, тој фаќа други мажи за ..

Актерот Кевин Спејси должи 31 милион долари

А1он

Човекот кој го обвинува Кевин Спејси дека го силувал кога бил дете, мора да го открие идентитетот

Жарко Настоски

Кевин Спејси обвинет за сексуално злоставување малолетник, на суд на 7 јануари

Наум Локоски

Нови обвиненија за сексуални напади против Кевин Спејси

Наум Локоски