Калиумот го намалува ризикот од мозочен удар

Од:

Зголемениот внес на храна која изобилува со калиум е поврзано со намалување на ризикот од мозочен удар, објави „British Medical Journal“.

Истражувачите од Империјал колеџот во Лондон и медицинската школа Ворвик додаваат дека зголемениот внес на калиум најлесно се постигнува со зголемување на конзумирањето овошје и зеленчук.

Со тоа, намалувањето на внесувањето на солта беше поврзано со дополнителното намалување на ризикот за мозочен удар.

На темел на новите наоди на Светската здравствена организација (СЗО) ги издаде првите препораки а дневниот внес на калиум возрасните лица дневно треба да внесуваат четири грама или 90-100 милимоли калиум.

Во истражувањето се користени податоци собрани за потребите на 33 претходно спроведени студии во кои биле вклучени 128.000 здрави испитаници.

Се покажало дека зголемувањето на конзумацијата на калиум по пат на исхрана за 3-4 грама дневно е поврзано со намалување на крвниот притисок и просечно 24-процентно намалување на ризикот за мозочен удар.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов