ВИДЕО: Јапонскии ресторан наплатува казна за недовршено главно јадење

Од:

Ресторан во Јапонија им наплатува казна на сите гости кои до крај нема да го изедат главното јадење.

Ресторанот на морска храна на менито наведува дека гостите кои до крај нема да го изедат главното јадење ќе мораат да доплатат одредена парична сума покрај сметката. Тие пари се донираат на рибарите со кои ресторанот соработува.

– Работните услови на рибарите се многу тешки и опасни. Понекогаш на море некои и загинуваат. Како би ја покажале нашата благодарност за храната која ни ја доставуваат, забрането е на чинијата да се остави ниту едно зрно ориз. Гостите кои не можат да го изедат целото „цуко меши“ мораат да остават донација, стои на менито на ресторанот Хачикио.

„Цуко меши“ претставува сад со ориз прекриена со икра од лосос. Јадењето можат да го нарачат само оние гости кои се согласуваат со условите на ресторанот.

Како што пишува Рокет Њуз24, сопственикот на ресторанот понекогаш испраќа работници од ресторанот на привремена работа на рибарски чамци, за да ја ценат повеќе работата и трудот на рибарите.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов