Исхраната влијае на квалитетот на сонот

Од:

Ново истражување од Универзитетот во Пенсилванија укажува на врската меѓу исхраната на луѓето и квалитетот на сонот.

– Познато е дека лицата кои спијат 7-8 часа во текот на ноќта генерално имаат подобро здравје и квалитет на животот, така што одлучивме да дознаеме дали постојат разлики во исхраната на луѓето кои спијат кратко, долго или нормално, изјави Мајкл Гранднер, еден од членовите на истражувачкиот тим.

Научниците го испитувале дневното внесување на калории кај лицата кои учествувале во големото Национално истражување во врска со здравјето и исхраната.

Резултатите покажале дека постои поврзаност меѓу производите кои ги внесуваат луѓето и должината на сонот. Лицата кои спиеле многу кратко конзумирале помалку вода и карбохидрати во споредба со останатите. Од друга страна, лицата кои спиеле подолго, внесувале помалку соединенија кои можат да се најдат во чајот и чоколадото, но затоа конзумирале и повеќе алкохол од останатите групи.

Истражувачите забележале дека сите освен нормалните спијачи имале помалку разновидна исхрана, што довело до прашањето: Дали менувањето на прехранбените навики може да влијае на сонот?

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов