Интернационална тортијада 2012 во Веро-центар

Од:

Во Веро-центар, в сабота во 17 часот, ќе се одржи четвртата Интернационална тортијада 2012. И годинава Тортијадата е во организација на Хуманитарна oрганизација „Ангелчиња“, а финасиски е поддржана од Градот.

– И годинешното четврто издание на традиционалната Тортијада 2012 ќе го има својот препознатлив хуманитарен карактер, во чиишто рамки, со свои слаткарски ремек-дела, ќе се претстават професионални и слаткари аматери од Бугарија, Украина, Албанија, Србија, Словенија, Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Македонија- посочи Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Сите финансиски средства собрани од годинешната хуманитарна Тортијада, ќе бидат наменети за лекување на младиот 25 годишен Јовица Јоце Блажевски, којшто боледува од церебрална парализа и треба да му биде ивршен петтиот третман со матични клетки, а трансплантацијата треба да се изврши во Русија.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов