Новинарката на News Nation неодамна имаше гулаб на главата пред да се вклучи во живо, а нејзината реакција насмеа многумина.
Со оглед на тоа што камерата беше вклучена, новинарката Кели Мајер реши да го сподели видеото преку својот X профил и да ги насмее своите следбеници. Имено, таа во моментот на известување за News Nation била пред Белата куќа, кога се случила оваа необична ситуација.
Додека се подготвувала за пренос во живо, гулаб решил да и слета на глава. Иако во еден момент не знаела што се случило, набрзо сфатила, ја средила косата и рекла дека е добро.
GUYS. I know there was a lot of news today but a bird landed on my head at the White House right before I went live with @LelandVittert @NewsNation.
He really just wanted to tune in.
Our feeds room caught it and saved it of course for your viewing pleasure.🐦⬛🤣 pic.twitter.com/EkJV0TzS7k
— Kellie Meyer (@KellieMeyerNews) June 5, 2024
„О, Боже мој, слета директно на мене“, рече таа во шок, а таа се насмеа и продолжи со својата работа.
Но, нејзината реакција кога за малку ќе пцуеше пред камерите во еден момент насмеа многумина.
„Момци, знам дека има многу вести денес, но птица ми слета на главата непосредно пред да одам во живо од пред Белата куќа. Тој гулаб навистина сакаше да биде во шоуто. Се разбира, нашата камера сними сè. Уживајте“, напиша таа.
Корисниците на социјалните мрежи ја потсетија на една легенда, која вели дека ќе биде среќен човек тој на чија глава слета гулаб. Затоа некои и предложиле да купи лоз. Исто така, многумина ја пофалија за нејзината смиреност и концентрација.