Грчки научници создадоа маслинки збогатени со пробиотици

Од:

Грчки научници создадоа маслинки, збогатени со пробиотици и чувани помалку во сол, јавија грчките медиуми.

Истражувачите од Атинскиот универзитет изолирале бактерија од маслиновото растение, кое подоцна го користеле при маринирање на зелени маслинки.

Пробиотикот во маслинките се задржува најмалку четири месеци по пакувањето на производот. Научниците истакнуваат дека нема промена на вкусот, но се подобрува квалитетот на маслинката, која станува полезна за конзумирање.

Конзервацијата на маслинките  е постигната со 50 отсто помалку сол, што овозможува нејзино конзумирање и од страна на лица кои треба да го избегнуваат натриумот во исхраната, како на пример оние кои страдаат од висок крвен притисок.

Пробиотиците, кои досега се откриваа само во јогуртот и во киселото млеко, се познати по своето позитивно влијание врз дигестивниот тракт.

Грција е на второ место по Шпанија по производството на маслинки.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов