Во потрага за скриени мини во Танзанија во последните години се почесто се користат глувци, што се покажа како многу успешен рецепт. Растојанието меѓу човекот и глодарите спасува човечки животи и важно ја намалува опасноста за човечките експерти за мини.
Глувците се совршени кандидати за отстранување на мините, затоа што имат одлични сетила, а бидејќи живеат во Африка, имуни се на тропски болести. Најдобро од се е што имаат идеална тежина – полесни се од десет килограми колку што е неопоходно мината да се активира.
За разлика од кучињата, на глувците не им е здодевно на оваа работа и не се врзуваат за тренерот. Поради тоа работата со отстранувањето на мините полесно се извршува со глувци.