Основачот на друштвената мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг се ожени вчера со својата долгогодишна девојка Присила Чен.
Парот се венчаше во дворот на куќата на Цукерберг во Паоло Алто, а на церемонијата присуствуваа помалку од 100 гости.
Интересно е тоа што Марк го сменил својот статус на Фејсбук во „Married“. По девет години забавување тој застана на лудиот камен со 27 годишната Чен, која ја запозна на Харвард.