Популарните GNR во секој поглед го одбележаа годинешниот фестивал на Петроварадинската тврдина – EXIT. За нив беше поставена посебна бина, нивниот настап доцнеше повеќе од половина час, што никогаш не се случило на фестивалот кој има строго подреден timeline. И како ова да не беше доволно популарните „ганси“ својот одличен настап одлучиле да го финишираат во бекстејџот со забава за триесетина фанови до шест часот наутро.
Гитаристот на бендот пак го поминал целото претпладне пред настапот шетајќи се околу бината, мешу публиката, за како што објаснил подоцна да може да ја осети енергијата на фестивалот. Како што зааклучуваат присутните,очигледно ја открил формулата за успех.
За тоа време пак фронтменот на групата, мега популарниот Аксел Роуз, буквално се затворил во хотелската соба. На кратко се спуштил во хотелското лоби, каде отсвирел неколку акорди на хотелскиот клавир, и повторно се повлекол во „карантин“. Според тврдењата на фирмата која била организирана за превоз настапот доцнел току поради него, бидејќи касно тргнал кон тврдината.
А таму повеќе од 30 илјади фанови го чекале настапот на легендарната група. Но само најстрасните 30 биле повикани на забавата по настапот, од кој 20-тина атрактивни млади девојки, откриваат белградските медиуми.
И додека сите членови на „Guns‘N‘Roses“ се забавувале до 6 часот наутро, само Аксел не присуствувал на забавата. Тој се повлекол во еден од шаторите поставени зад бината, поставени за изведувачите.
Со три часовниот концерт на „ганси“ беше означен крајот на фестивалот.