(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Од:

Македонскиот бенд BDM на 8 јули 2023 (сабота) ќе настапи на еден од наголемите светски музички фестивали, EXIT.

Ова ќе биде прв настап на BDM во Нови Сад, а сцената ќе ја делат со некои од најголемите имиња на светската електронска музика.

Тие ќе се претстават со музиката од албумот State of Mind, кој го промовираа пред крајот на 2022 година, а ексклузивно на настапот на Петроварадинската тврдина ќе ја промовираат и новата песна Synapsis.

„Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат на EXIT и што можеме да дадеме придонес како македонски претставници на фестивалот. За нас, ова е еден вид награда за сиот минат труд“, велат момците Бане, Мартин и Дуле.

Освен што ќе настапат на EXIT, BDM се во преговори и за настап на неколку фестивали низ Европа.

Тие веќе подготвуваат материјал за нивниот следен албум, а истовремено работат и на соло музички проекти и неколку соработки со артисти од земјава и регионот.

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

Егзит се откажува

Ана Ололовска

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

Ана Ололовска

Фестивалот Егзит ќе се одржи во август

Ана Ололовска

Прва награда за фотографот Боро Рудиќ за книгата „EXIT“ на фестивал во Стразбур

Ана Ололовска