Француски ресторан на менито нуди специјалитети од земја

Од:

Ресторанот „Ne Quittez Pas“, чие мени се заснова на француската кујна и морски плодови, во својата понуда внесе новитет – специјалитет што содржи земја.

Сопственикот и главниот готвач на овој токиски ресторан Тошио Танабе рече дека веќе осум години постепено ја воведува земјата како состојка на еден оброк.

– Се обидувам на сладокусците да им ја пренесам природата во целосната убавина. Земјата, водата и воздухот се дел од природата, и ништо од тоа не го измисли човекот. Ова е природна храна, објасни Танабе.

Оброкот од шест јадења со земја чини 80 евра. Направен е од намирници кои растат во земјата, или на тлото.

Содржи супа со земја, „калливи“ тартуфи, шербет со земја како и посебно изненадување на Тошио – топка од компир прелиена со сос од земја, во чие средиште се наоѓа полнење од тартуфи.

– Секоја зрнце земја што го користиме, внимателно го вариме и потоа го просејуваме, за да не им биде устата на клиентите полна со песок, појасни Тошио.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов