Прво беше интресна со 100-те цвеќиња кои ги добила како поклон на плажата Кадмо во Охрид.
Потоа Катерина Ивановска, нашиот најпознат топ модел, ги полнеше таблоидите во Македонија со информацијата дека за време на концертот на Антониа Морена на Градиште во Охрид, каде изгледала доста расположено и прилично со многу конзумиран алкохол, наводно нападнала свој пријател кој е сопственик на кафуле во Скопје.
Во инцидентот настрадала аркадата на пријателот на една од најубавите Македонки.
Последно од светскиот топ модел, Катерина која подолго време е незаинтересирана за комуникација со македонските медиуми и информирање на истите што се случува со тековните ангажмани, е дека таа е во љубовна врска, со поранешното момче на поп пеачката Каролина, скопскиот бизнисмен Јован Пановски.
Сопственикот на веледрогериите Пановски, на својот фејсбук профил објавил фотографии од нивниот заеднички одмор на грчкиот остров Миконос, во кој Ивановска се крепи во негова прегратка на познатото туристичко место.