18-годишната скопјанка Симона Станковска е новата Мис Македонија.
Симона доби убедливо најмногу гласови од жири-комисијата на овогодинешниот финален избор, што во организација на Модното студио „Црнокрак“ се одржа во Дојран.
Симона ќе ја претставува земјата на „Мис Глоуб“.