Жителите на село Кивалин на Аљаска најверојатно ќе треба да се отселат од своите домови, поради влијанието на климатските промени.
Американската влада предупреди дека за десет години можно е овој остров да остане целосно празен, бидејќи постои опасност од негово уништување, поради топење на ледот.
-Глобалното затоплување предизвика многу проблеми. Ледот не замрзнува како некогаш. Во минатото неговата дебелина изнесуваше повеќе од два метри-рече еден од жителите.
Во ова село, кое што се наоѓа на околу 130 километри од Арктичкиот круг, живеат околу 400 жители.
Е. Г.