Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Од:

Ракетата Аријана денеска треба да лансира нов европски метеоролошки сателит, јави Би-Би-Си.

Планот е сателитот Метеосат-12 да го надгледува европскиот континент, Блискиот Исток и Африка, како дел од новиот систем за набљудување вреден повеќе милијарди евра.

Се работи за веројатно најважното европско вселенско лансирање оваа година, кое ќе ја замени технологијата стара повеќе од 20 години.

Генералниот директор на Еуметсат, меѓувладината организација која управува со европските метеоролошки сателити, Фил Еванс ја нагласи важноста на точните податоци од вселената за попрецизни прогнози и предупредувања со цел ублажување на последиците од временските катастрофи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ватикан ќе испрати говор на папата во вселената

Огромен астероид ќе помине многу блиску до Земјата во текот на викендот

Ана Ололовска

Откритие кое менува се: Дали животот на Земјата е дојден од вселената

ВИДЕО: Четиричлениот екипаж на вселенската капсула Crew Dragon слета на Земјата

Ана Ололовска

Четворица астронаути ја напуштија вселенската станица, откако беа половина година во вселената

Ана Ололовска

ВИДЕО: Делови од оштетеното руско летало паднаа во океан, екипажот се уште е во вселената

Ана Ололовска