(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Од:

SpaceX ја лансираше вселенската ракета Starship, која се издигна високо, но имаше проблем со одвојувањето на Starship од ракетата Super Heavy при враќањето, а целото летало заврши со експлозија во воздух.

„Како самото лансирање да не беше доволно возбудливо, Starship доживеа брзо и непланирано расклопување пред да се одвои од ракетата“, твитнаа од SpaceX по тестот.

Илон Маск се огласи на Твитер неколку минути по лансирањето и експлозијата на најмоќната ракета на светот. Тој им честиташе на своите колеги и рече дека „научиле многу“ во подготовките за нивното следно лансирање, кое, како што рече, ќе се случи за неколку месеци.

Од SpaceX нагласуваат дека главната цел била успешно лансирање, а се после тоа би било само бонус во оваа фаза на тестирање. Тие најавија натамошно продолжување на тестирањето. Да потсетиме, пробниот лет на комплетниот Starship требаше да биде направен во понеделник на 17 април, но тој обид беше откажан во последен момент.

Starship се состои од 50-метарско вселенско летало дизајнирано да носи екипаж и товар што се наоѓа на 70 метри висока ракета Super Heavy. Целосно наречени Starship, вселенското летало и ракетата Super Heavy никогаш не биле лансирани заедно, иако имало неколку суборбитални пробни летови на самото вселенско летало.

НАСА ќе носи астронаути во орбитата на Месечината во ноември 2024 година користејќи ја сопствената ракета Space Launch System (SLS), која се развива повеќе од една деценија. Starship е и поголем и помоќен од SLS. Тој генерира повеќе од двапати поголем потисок од ракетите Сатурн V што се користат за испраќање астронаути на Месечината како дел од мисијата Аполо.

SpaceX планира прво да го стави Starship во орбитата, а потоа да го наполни гориво од друг Starship за да може да продолжи кон Марс или пошироко. Маск рече дека целта е да се направи Starship вселенско летало за повеќекратна употреба и со тоа да се намали цената на неколку милиони долари по лет.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: SpaceX на Маск успешно ја лансираше најмоќната ракета на светот

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина