ФОТО: Несекојдневен каледндар со ликот на словенчкиот претседател

Од:

Во Словенија е отпечатен ѕиден календар во тираж од 150 копии на кој секој месец од годината е илустриран со фотографија на словенечкиот претседателот Борут Пахор во улога на лекар, градинар, чистач, фризер, месар, градинар и други неполитички професии.

Борут Пахот календар 2

Автори на календарот се дизајнерите Васја Ценчич и фотографот Борут Кранц, а снимките се направени во време на кампањата на Пахор за претседателските избори пред две години. Тогаш со оригиналната акција „Да си дадеме поттик едни на други“, Пахор се претставуваше пред изборита како човек близок до обичниот народ, кој не се срами од никаква работа.

Борут Пахот календар 3

Ценчич изјави дека на Пахор ќе му подари еден примерок од календарот на специјалната презентација на крајот од идната недела. Приходите од продажбата на календарите се наменети добротворни цели.

Според сите анкети на јавното мислење, Пахор (51) е најпопуларниот словенчки политичар. Малку повеќе приврзанички има меѓу женскиот дел на електоратот, а како студент бил и маникен.

Борут Пахот календар 4

Пахор е единствениот словенечки политичар кој досега ги извршувал трите највисоки функции во Словенија – претседател на Парламентот, премиер и шеф на државата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он