Нашата претставничка на Мис на светот 2013, Кристина Спасеноска, сними нова мини фотосесија на егзотичниот остров Бали, со која го надополни својот профил.
На фотографиите направени во хотелот Ayodya, 21-годишната Кичевчанка носи долг црно-бел фустан.
Кристина заедно со околу 130 убавици од целиот свет активно се подготвува за големото финале кое ќе се одржи на 28 септември.