Според проценките на обложувалниците, Бразилката Санклер Франц е голем фаворит во натпреварот за „Мис на светот“, кој ќе се одржи во сабота вечер во Бали, а нејзини најголеми ривали и се претставничките на Филипини и Шпанија.
Од земјите на поранешна Југославија, најдобро котира мисицата од Хрватска.
Според обложувалниците најголема шанса за победа има 22-годишната Санклер Франц од Бразил.
Според азиските медиуми, девојката од Филипини, 23-годишната Меган Јанг е главниот фаворит за победа. Филипинската претставничка покрај манекенството, се занимава со актерство.
Во најтесниот круг се наоѓа и симпатичната претставничка на Шпанија, 18-годишната Елена Ибарбија Хименез.
Покрај овие три убавици, високо котираат и претставничките на Америка, Украина, Индија и Франција