Комичарот Адам Сендлер втора година по ред се најде на листата на Форбс за најпреплатени актери во Холивуд, објави списанието.
Иако најновиот филм на Сендлер „Старци 2“ хит заработи 246 милиони долари на светските благајни, не беше доволно голем хит за да ги надомести на претходните грешки на овој 48-годишник како „Џек и Џил“ и „Тоа е моето момче“.
– Цениме дека за секој долар што му се плаќа на Сендлер тој го враќа со просек од 3,2 долари, наведе Форбс и додаде дека тоа е најниската инвестиција на враќање на кој било актер.
Џони Деп, ѕвезда на успешната франшиза „Пирати од Карибите“ се најде на второто место на списокот со враќање од 4,10 долари за секој платен долар заради пропаднатите филмови „Осамениот ренџер“ и „Мрачни сенки“.
На трето место е комичарот Бен Стилер со враќање од 4,8 долари, потоа Рајан Рејнолдс со 4,9 долари и оскаровецот Том Хенкс кој вратил 5,20 долари.