Македонската музичка група „Фолтин“ вечер ќе настапи во Софија на сцената на „Софија ливе клуб“, една од најпознатите клупски сцени за настап во живо по третпат.
Музичката критика во Бугарија одушевена од нивната музикa ги најaви со насловите: „Англо-македонски спој на најдоброто во музиката“ и „Култната македонска група „Фолтин“ е неспорно меѓу најинтересните и најкреативни групи на Балканот“.