Фестивал на италијанската храна на плоштадот „Македонија“

Од:

Во звукот на италијанската музика и мирисот на традиционалната италијанска храна на плоштадот „Македонија“ денеска започна дводневниот Фестивал на италијанска храна.

Овогодишната тема на фестивалот е „Традиција и перспективи на италијанската кујна: свесност и зголемена благодарност за одржливоста на храната“, промовирајќи ги италијанските земјоделско-прехранбени производи, со цел да се зголеми благодарноста кон медитеранската исхрана, како модел на здрава и одржлива исхрана и начин на живот.

Фестивалот го отвори италијанскиот амбасадор во Северна Македонија, Андреа Силвестри.

– Преку фестивалот сакаме да ви го пренесеме вкусот на Италија, вкус на најдоброто од „Made in Italy“ од храна и вински производи. Заедно со најреномираните италијански ресторани во Скопје нудиме гастрономско патување низ автентичните вкусови на италијанските региони, можност да вкусите вкусни топли јадења и да купите автентични италијански производи како храна, вино, кафе и десерти, вели Силвестри.

Тој додаде дека преку италијанскиот фестивал на улична храна се доловува атмосферата на италијанскиот начин на живеење и култура.

-„VIVERE ALL’ITALIANA“, како што велиме во Италија. Се залагаме за љубов, заедништво, семејство, традиции и страст. Во Италија животот е за страст, а ние ставаме страст и срце во сè што правиме, порача италијанскиот амбасадор.

Богатата програма на фестивалот е наменета за сите возрасти и покрај италијанска храна се организира ликовен конкурс за деца, лотарија со награди за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот, како и музичка програма.

Во попладневните часови, од 15:00 до 17:00 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат во музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски. За утре е предвидено да се одржи извлекувањето на добитниците од лотаријата.

Учесници на фестивалот се: Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб, ИТА Бренд, Амброзија Беха, Јес паста.

Настанот е дел од шестата Недела на италијанската кујна во светот“, проект на италијанското Министерство за надворешни работи, кое во изминатите години се етаблира како една од водечките иницијативи за промовирање на најдоброто од италијанскиот агро-прехранбен синџир во странство и неговата традиција на храна и вино.

Би можело да ве интересира

Гордон Ремзи призна дека се исплашил од Владимир Путин

Ана Ололовска

ФАО: Рекордно високи цени на храната во 2021 година

Катерина Павлова-Николовска

Здрави оброци со ликовите од цртаните филмови

Ана Ололовска

Фестивал на италијанска храна во Скопје

Ана Ололовска

Јапонско грозје од 10.000 долари

Ана Ололовска

Атина – европска престолнина на гурманите

Ана Ололовска