Европски пратеници бараат Агенцијата за кибер безбедност да го контролира Фејсбук

Од:

Пратениците од Европската унија се подготвуваат овој месец да побараат од европската Агенција за кибер безбедност и заштита на податоците да спроведат контрола во Фејсбук.

Во нацрт-резолуцијата поднесена денеска до Комитетот за граѓански слободи и правда на Европскиот парламент, Фејсбук е повикан да прифати „целосна и независна ревзија на својата платформа која истражува заштита на податоците и безбедноста на личните податоци”.

Претседателот на Комитетот за Европскиот парламент, Клод Морес, кој ја подготви резолуцијата, рече дека проверки „мора да се направат”.

– Не само што политиката и акциите на Фејсбук потенцијално ги загрозуваат личните туку и тие имаат влијание врз резултатите од избори и довербата на граѓаните во дигиталните решенија и платформи”, рече Морес.

Комитетот планира да ја усвои резолуцијата до 10 октомври и на крајот на октомври за да го достави до Парламентот, што остава доволно време за изборите на ЕУ во мај 2019 година.

Би можело да ве интересира

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска