Енергетските пијалоци се чиста измама и лагa

Од:

Добрата реклама, како „ви дава крилја“, „бидете свежи секаде во секои време“ сигурно ве натерала да пробате некој енергетски пијалок, но сето тоа е само чиста лага и голема измама.

Единственото во тие пијалоци што вреди е кофеинот. А преостанатото кое е впишано на амбалажата како дел од содржината на појалокот е чиста реклама, се вели во едно истражување.

Енергетските пијалоци станаа огромен извор на заработка, а жестоката конкуренција ги тера производителите на најразновидни идеи и трикови за подобрување на продажбата.

Истражувањето објавено во “Nutrition Reviews” покажа дека од сите состојки кои се објавуваат на етикетите, само кофеинот е вреден, кој обично се пишува на страничната налепница, со мали букви.

На амбалажите обично се истакнуваат егзотични средства, поради кои наводно се прават чудата, на пример гвараната или џинсенгата, а и тауринот би требало да прави чуда, но после детални анализи е воочено дека нема никаков доказ дека овие состојки ја враќаат или подигнуваат енергијата во вас.

Имено, енергетските пијалоци ги придвижуваат и когнитивните и физичките можности, но се работи исклучиво за влијание создадено од големото присуство на кофеин во нив.

Таквите пијалоци просечно содржат и 14 пати повеќе кофеин од останатите безалкохолни пијалоци, како и многу калории, а од тука произлегува советот дека личностите кои не се физички активни не смеат ни да ги пијат.

Покрај тоа, претераната консумација на таквите пијалоци може да доведе до пореметување во однесувањето, дијабетес и срцеви проблеми.

Од нас- за вас, најпријателски совет, сакате енергија?! Напијте се шолја од доброто и старо јако црно турско кафе отколку некој производ кој наводно „ќе ви даде крилја“

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов