Иако за слободното време често бира опуштена гардероба, дури и тренерки и патики, Џенифер одлично знае да го истакне најдоброто. Кожниот модел со долги ракави и затворено деколте на нејзиното совршено обликувано тело, во прв план ги истакна женствените облини како и цврстите и мускулести нозе.
И покрај тоа што кожата сама посебе зрачи со сексепил, Џенифер додатно ја зачини со црни, лакирани штикли и кармин со боја на трула вишна.