„Дискаверер“: Избегнувајте го Дубровник, одете во Охрид

Од:

Меѓународниот туристички портал „Дискаверер“ (The Discoverer) направи листа на пет популарни дестинации кои треба да се избегнуваат поради гужва и негативниот став кон туристите и препорача нивни алтернативи.

На негативната листа се најде Дубровник, а немсто таму од порталот на туристите им препорачуваат да го посетат Охрид.

– Посетата на Дубровник беше врв на било кој одмор во Хрватска, но гужвите по уличките не придонесуваат за квалитетот на тоа искуство, вели Џулија Хамонд од „Дискаверер“.

Пренатрупаноста, како што пишува таа, ја влошуваат и крузерите кои го зголемуваат бројот на луѓе кои шетаат низ улиците на Дубровник.

– Кога на се ќе се додаде дека градот стана уште повеќе популарен поради серијата „Игра на престоли“, добивате проблем од епски размери. Властите се обидуваат да делуваат со ограничување на бројот на туристи кои може да ги посетат градските ѕидини на 4000 дневно, вели Хамонд.

– Наместо да се обидувате да бидете еден од среќниците кои ќе добијат влезница за посета на локациите низ Дубровник, посетете го прекрасниот Охрид во Македонија. Тој пленува со шармот, од ресторани на езеро до древни цркви и манастири кои изгледа како да се напѓаат на секоја улица. Сместен на најстарото езеро во Европа, градот има богата историја која ќе ве воодушеви и може во него да уживате без гужви, се наведува во текстот.

Инаку, на прво место на негативната листа се наоѓа Барселона, наместо која порталот препорачува посета на Екстремадура.

На второ место е Маја Беј на Тајланд, која треба да се замени со посета на Ко Мук во истата земја, па следи Галапагос, а како алтернатива е наведен островот Магдалена во Чиле и на крај се препорачува избегнување на Мачу Пикчу во Перу, а се препорачува посета на локалитетот Морај во истата земја.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион