Има многу позитивни работи зошто е добро децата да растат со домашни миленичиња. Животните ги учат децата на вештини, но се и прекрасни пријатели. Десет причини зошто е добро децата да имаат миленичиња.
1. Одговорност
Децата со миленичињата многу рано во животот учат за одговорноста и грижата за другите. Децата кои се активни во грижа за миленичето обично учат да бидат емпатични и чувствителни. Низ учење како да се грижат за другите, ќе научат и да се грижат за себе.
2. Самодоверба
Заедно со одговрноста за миленичињта се гради и самодовербата. Ако се успешни во извршувањето на обврските околу миленичињата, децата подобро ќе се чувствуваат, ќе имаат чуство дека успеале и ќе бидат горди.
3. Помалку алергии и астма
Многубројни студии покажуваат дека децата кои растат со животни имаат помалку склоност кон развивање алергии и астма. Ако дете помладо од една година има можност да живее со милениче, ќе развие силен имунитет.
4. Активност и играње
Миленичињата, посебно кучињата, бараат шетање, истрчување и играње. Свежиот воздух и сонцето се добри за сите.
5. За смиреност
Миленичињата обично носат атмосфера на смиреност и спокој во куќата. Некои деца се многу поопуштени со миленичињата, отколку со луѓето.
6. Против стрес
Покрај тоа што децата се посмирени со миленичиња, посебно кучињата имаат способност да го намалат стресот. Дружењето со куче може да има многу терапевтско дејство врз цело семејство.
7. Читање
Децата се послободни да им читаат на миленичињта отколу на возрасните. Миленичињата не осудуваат, не поправуваат и не бараат текстот да се прочита повторно. Колку повеќе се чита на глас, тоа позитивно се одразува на вештина за читање.
8. Учење за последиците
Ако детето не се грижи за миленичето на посебен начин, резултатите ќе бидат брзо видливи и детето ќе ги види последици од неговата негрижа. Ако кучето не се изнесе на шетање, тоа ќе ја изврши нуждата дома, ако мачката се игнорира, таа ќе се освети на друг начин, а ако рибичките не се хранат тие ќе угиант, ако кафезот од папагалот не се исчисти, тој ќе мириса.
9. Посветеност
Растењето со миленичиња развива посветеност. Миленикот е обврска која бара посветеност секој ден и од тоа не може да се побегне.
10. Дисциплина
Децата покрај животните учат и за дисциплина. Ако имаат куче, ќе го тренираат, ќе го учат како да се однесува и како да слуша, а тоа докажано ќе влијае и на послушноста на детето.